Стеваноски: Водиме позитивна кампања и се залагаме за департизација на општинската администрација
Foto

Стеваноски: Водиме позитивна кампања и се залагаме за департизација на општинската администрација

Водиме позитивна кампања, проектите што ги нудиме се од сите сфери, различни од другите и бараме да воведеме нормалност во работењето на локалната самоуправа со департизација, порача независниот кандидат за градоначаник на Прилеп, Жарко Стеваноски, од граѓанската иницијатива „Че вреди“.

Планирано е поголемо штедење за разлика од досегашното расипничко трошење на буџетските пари. Нашите намери се искрени, ние само ја бараме можноста да покажеме дека се може поинаку и поразлично од сето она што досега го имаме видено“ , вели Стеваноски. Најави и дека ќе спроведат департизација на општинската администрација и сериозна реорганизација на јавните претпријатија во вршењето на јавните услуги.

0 Коментари

Остави коментари