Стејт департмент: САД ќе работат со двете страни да се одржат придобивките на Преспанскиот договор
САД ќе работат со двете страни да се одржат придобивките на Преспанскиот договор, изјавија од прес-службата на американскиот Стејт департмент по изјавите на премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски и неговите објави на социјалните мрежи од Самитот на НАТО во кои го користеше само зборот Македонија.
Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, претставник на службата за односи со јавност вели дека „Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа“.
- САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, изјавија од прес-службата на Стејт департментот.

