Стефановски за тв 24: Нагорно-Карабах е жешка точка каде Русија и Турција имаат свои математики

Безбедносниот аналитичар Милан Стефановски во емисијата 24 анализа рече дека таму постапо една зла крв поеѓу две држави кои зад себе имаат многу конфликти. Тој смета дека сегашното разгорување на конфликтот е последица од 90тите години.

„Зошто сега? И двете земји имаат големи економски проблеми поради пандемијата која го пореметила светскиот поредок. Нагорно-Карабах е дефиниран како жешка точка кој има потенционал да прерасне во регионална војна, а знаеме дека Русија и Турција имаат свои математики.“ - рече Стефановски.