Ставриќ за Студио 10: Индустријата се уште не произвела млеко како мајчиното
Foto

Ставриќ за Студио 10: Индустријата се уште не произвела млеко како мајчиното

Проф д-р Катерина Ставриќ, педијатар-имунолог во Студио 10зборуваше за важноста на млекото и млечните производ во исхраната кај децата таа објасни дека децата и возрасните мораат да го внесуваат млекото во исхраната. Кај мак дел од деца и возрасни кои се алергични на протеините на кравјото млеко, но со тек на времето ја надминуваат алергија, а некои не ја поднесуваат лактозата во млекото.

„За нив млекото не се користи, туку се употребува млеко без лактоза. Млекото е важен извор на протеини. До петата година не се препорачува млеко со намалена масленост кај децата.“ - вели д-р. Ставриќ.

Процесот за збогатување на млекото со витамини е со посебна технологија и се води сметка за точно препорачани количини. Д-р Ставриќ препорачува доење кај новороденчињата, но доколку тоа не е возможно, се препорачуваат адаптирани формули до 1 година.

„Индустријата се уште не произвела млеко како мајчиното.“ - рече д-р Ставриќ.

0 Коментари

Остави коментари