Ставот за името “под будно око” на Атина

Секој збор на мандатарот Христијан Мицкоски е под будно око на Атина. Стигна и првата официјална реакција Сириза го осуди како што велат новото прекршување на Договорот од Преспа од страна на Мицкоски и ја повикаа владата на Мицотакис конечно да ги преземе предвидените дејствија. Дел од грчките медиуми пак му ги бројат зборовите, на насловните страници пренесуваат Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“.

Дел од експертите за ТВ 24 велат дека Европската народна партија ќе игра огромна улога во смирување на тензиите меѓу Мицкоски и Мицотакис.