Статистика пресмета пораст на платите
Foto

Статистика пресмета пораст на платите

Во сред корона пандемија Државниот завод за статистика објави дека платите во Македонија растат. Во септември просечната плата стигнала до рекордни 27 405 денари, што е за 7,7% повеќе од истиот месец лани.

Овој податок на прва рака изгледа неверојатен поради катастрофалната економска година во земјата. Посебно што во изминатите месеци бројот на невработени се зголеми за нови 48 000.

Но од Статистика велат дека податоците се точни. При пресметката ги земаат само платите што се исплаќаат. А повисоките плати на администрацијата на почетокот на годината го кренале државниот просек.

„Исплатените нето и бруто плати се апсолутно веродостојни бидејќи како извор ни служат податоците од УЈП. Податоците се добиваат административно и тоа се документирани и процерени податоци во Управата. На што би се должело тоа зголемување. Тоа треба да се погледа по сектори. Но да не заборавиме дека имавме во јавната администрација зголемување на платите. Имавме прилично зголемување на платите во здравствениот сектор и образованието. Е сега, она што е реалниот сектор, како се движат работите во економијата, пораст на продуктивност. Меѓутоа овие фактори влијаат.“ - вели Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика.

Иако според статистика највисоките плати се исплаќаат во приватниот сектор, најголем дел од вработените таму земаат мали плати и не можат да ги задоволат основните потреби за живот. Просекот го креваат вработените во

 

фармација 45 799 ден

банкарскиот сектор 43 113 ден

енегретиката 40 192 ден

А како круна со највисоки плати и понатаму останува

ИТ секторот со 67 216 ден 

Најутепани со плата, спор

ед Статистика се вработените во кожарството и конфекциите. 

Производство на кожа и слични производи од кожа 15 477 

Производство на облека 17 313 

Но економистите стравуваат дека платите во месеците што доаѓаат тешко ќе се одржуваат на ова ниво, зашто неизвесноста е голема.

„Зошто сега нема намалување на платите од причина што стопанствениците се обидоа да ги пратат на одмор своите вработени. Оние кои изгубија работа не се вклучени во овој просек, дел од нив ги искористија мерките од Владата. Но сега веќе, посебно сервисните услуги немаат чиста слика каде ќе се движат во иднина. Ако немаме чиста слика до крајот на годината во декември, следната година може да се очекува многу позначајни ефекти врз платите. Но платите не се најранливата точка. Најранливата точка е вработеноста, односно зголемената невработеност која носи со себе други социјални последици.“ - вели Борче Треновски, универзитетски професор.

Кај администрацијата, со буџетот за следната година ќе има зголемување на платите само за вработените во Собранието. Кај останатите нема најава ниту за зголемување, ниту пак за намалување.

Висината на платите директно влијае врз растот на економијата, преку личната потрошувачка. Власта се надева дека до година граѓаните повеќе ќе трошат и на тој начин ќе влијаат врз економскиот раст, кој оптимистички е проектиран на 4,1% од БДП.

0 Коментари

Остави коментари