Стартуваше НАТО самитот

Соединетите американски држави сеуште се дел од НАТО и се важен стратешки партнер смета генералниот секретар на алијансата Марк Руте.

Според првиот човек на НАТО алијансата најдобар показател за тоа се посетите на САД од страна на европските лидери Макрон, Мелони и Стармер.

„Дали сеуште се САД со нас, ако е тоа прашањето ДА! Можете да ги уклучите вашите телевизори и да видите дека лидери како што се Емануел Макрон, Џорџа Мелони и Кирк Стармер кои беа во посета на претседателот на САД во неколку наврати“ смета Руте. 

Според претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, војната помеѓу Русија и Украина ја натерало Европската Унија да го засили одбранбениот систем и да покаже единство за европските интереси а самитот во ХАГ само ја потврдува нејзината констатација. 

„Европската одбрана конечно се разбуди. Самитот во ХАГ е најдобар показател за моето излагање, тука ќе видиме кои стратешки цели ќе бидат опфатени, како ќе инвестираме и колку ќе инвестираме“ изјави Урсула фон дер Лајен. 

Инаку, на самитот во Хаг ќе има и македонска делегација предводена од претседателката Силјановска-Дафкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, Освен актуелните случувања во светот, централна тема на Самитот, ќе биде предлогот на САД, земјите членки да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од бруто-домашниот производ (БДП), дупло од актуелниот праг. Македонија моментално одвојува 2,2% од својот БДП за одбрана и е на 11. место по висината на трошоците.