Стартуваше дебатата за даночната реформа
Законот за данок на солидарност што Власта ги предложи по скратена постапка користејки го европското знаменце жестоко ја почна собарниската процесура. Опозицијата побара јавна расправа која не беше изгласана од комисијата.
Од власта со став дека носењето на законот е работа на пратениците и зошто волку бурно се реагира бидејќи тие пари ќе се вратат пак кај нив преку разни мерки, а тој данок е еднократен.
Опозицијата преку амандман побараа средствата по основ на данок за солидарност да се наменат во нова подпрограма солидарни мерки во услов на криза која подетално би се дефинирала со законот за извршување државниот буџет за 2023-та.
Пратеничката Санела Шкријељ преку реплицирање напомена дека овој закон е за компаниите кои во време на кризата направиле екстра профити, кои треба одвојат за граѓаните што имаат потреба од помош.
Само компаниите кои лани имале профит над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од четири годишниот просек ќе бидат солидарно оданочени, стопанствениците се на тоа дека со овој данок се казнуваат успешните бизниси и ако се одобри ќе го успорат пред уставниот суд.