Стартува судењето за полицајците кои ноќта на 16-ти биле во „Пулс“
Утре стартува судењето за 13-те полициски службеници, меѓу кои и началниците од ОВР Кочани и СВР Штип, кои кобниот 16-ти биле дежурни, но и ангажирани во „Пулс“. Обвинети се дека кобната ноќ, кога се случи пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту пак спречиле пиротехниката да биде активирана.
Тие се обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност. Обвинението ќе го застапува обвинителката Спасенка Андонова, која беше избрана во ОЈО ГОКК.
Семејствата бараат на судењето да се појави обвинителката Ивана Трајчевска, која ја водеше истрагата, но пред стартот на судењето таа не доби нов мандат.

