Стартува фестивалот „Ристо Шишков“
Foto

Стартува фестивалот „Ристо Шишков“

Во Струмица се крева завесата на 27. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на кој ќе се величи актерската игра и достигнувања. 

Четириесетина актери со девет престави од земјава, но и од Хрватска и Бугарија, ќе бидат во конкуренција за престижната награда за најдобро актерско остварување „Ристо Шишков“ вредна 1.500 евра, но и златен медаљон со ликот на бардот на македонското глумиште.

Фестивалот ќе трае до 12 септември, а за наградата за најдобро актерско остварување ќе одлучува жири составено од ланскиот победник Благоја Чоревски, бугарскиот професор Вандов и српскиот режисер, Јаковлевиќ. 

Годинава за првпат на фестивалот ќе има и семинар предавање за актерската игра.

Фестивалот е дел од Европската театарската асоцијација - НЕТА која исто така ќе додели награди за најдобра престава, режисер и улоги на „Ристо Шишков“ во Струмица кој финансиски го помогнаа Министерството за култура и општина Струмица.

0 Коментари

Остави коментари