Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години со победа го почна настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука, откако синоќа во воведното коло триумфираше над домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1 (25:20, 25:23, 20:25, 25 :15).

Македонија денеска од 15:30 часот ќе се сретне со Романија, која вчера беше поразена од Турција со 3:1.

Македонските одбојкарски јуниори се дел од групата А во која завршниот дуел против Турција ќе го одиграат утре во терминот од 15: 30 часот.

Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.