Стапката на тинејџерската бременост во Македонија три пати повисока од земјите во ЕУ

Стапката на тинејџерската бременост во земјава е три пати повисока во споредба со земјите во Европа, покажуваат податоците на невладините организации. 

И покрај овие алармантни податоци, како што велат – ниту едно од малкуте достапни модерни контрацептивни средства во земјава не е на позитивната листа на лекови.