Стапка на сиромаштија од 21,9%
Foto

Стапка на сиромаштија од 21,9%

455 600 лица во земјата живеат во сиромаштија, што е 21,9% од вкупното население. Овие најнови податоци за Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на сиромашни лица лани во однос на 2018 година се зголемил за нови 500. 

Со оглед на висината на платите во земјата, не зачудува и фактот што дури 8,8% од вработените лица, кои земаат плата, едвај преживуваат. И тие се влезени во категоријата на сиромашни лица, според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која во Македонија се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. 

Според Статистиката, единствено добро е што се намалил Џини коефициентот, односно се намалила нерамномерната распределба на приходите. И тоа не е само тренд во 2019 година, туку намалувањето постепено се случува во изминатите три години.

Тоа значи дека богатите не добиваат повеќе, а сиромашните се помалку, туку напротив. Јазот меѓу богатите и сиромашните, барем статистички постепено се намалува. Лани тој изнесувал 30,8%, што е подобрување од 1,1 процентен поен во однос на претходната година.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2019 година е 19,5 %. Според родовата рамноправност, жените се тие кои повеќе осиромашиле. А се потешко преживуваат и се борат со недостиг на храна, облека и низок животен стандард и самците. 

Статистиката бележи и големо осиромашување на самохраните родители кои чуваат деца. За една година нивниот број е зголемен за дури 9,3 процентни поени.

0 Коментари

Остави коментари