Станува ли Геријатрија потенцијална корона бомба?
Foto

Станува ли Геријатрија потенцијална корона бомба?

Седумнаесет пациенти се позитивни на ковид-19 во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, соопшти денес министерот за здравство, Филипче.

Директорката на центарот, Салија Љатиф Петрушовска, преку соопштение информираше дека ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција. 

„Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на Ковид-19, како и тројца вработени во болницата.“ - изјави Салија Љатиф Петрушовска.

Старските домови сами по себе се критични места каде што многу лесно може да се рашири вирусот, вели доктор Стојанов, директор на Центарот за Јавно здравје, но се прават напори состојбата бргу да се стави под контрола

„Имаме многу озбилна ситуација, која ја решаваме, тие се сега тргнати на страна, во посебен оддел се изолирани, со посебен персонал кој се грижи за нив.денес министерство ќе испрати дополнителна заштита опрема да имат. Таму има 18 вработени доктори, 31 медицинска сестра,имаат доволен број на персонал, но не е обучен, че биде испратен денес и инфектолог од инфективнии болести, изјави доктор Стојанов за тв 24.

Во моментов од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле. Старските домови од почетокот на пандемијата се затворени за надворешни посети и се соо строго контролирани протокли.

0 Коментари

Остави коментари