Станковиќ за тв 24: Извршителот е спореден играч, а главните играчи се доверителот и должникот

Извршителот Гордан Станковиќ во 24 анализа рече дека го спроведуваат законот како што влегува во сила. Тој рече дека некои доверители долги години чекаат за иницирање на извршувањето, но дека должникот во секој момент може да ја разреши ситуацијата.

„Се поставува прашање дали вината е кај доверителот и зошто чекал должникот толку време да го намири долгот.“ - рече Станковиќ.

 Станковиќ рече дека луѓето се доведени во тешка ситуација и ретко има такви кои не сакаат го платат, но и такви кои не можат и тогаш се пристапува кон принудно извршување.

„Се одзема имотот на должникот и тоа не е едноставно. Тоа е реметење на редот во семејството и за да се избегнат вакви инсинуации дека е нарушување на приватноста, нашиот закон педвидува на посебна дозвола од претседателот на судот за обавување на извршни дејствија. Таа дозвола има времетраење од 1 месец и тогаш треба да се спроведе дејствието. Извршителот ја бара од судот таа дозвола.“ - рече Станковиќ.

Потенцираше дека извршувал многу такви предмети и треба да се земе в предвид извршителот е спорадичен играч, а главните играчи се доверителот и должникот, а правниот однос со одлука го разрешил правниот суд. И не може да сфати зошто толкав анимозитет кон извршителите.