Станарите на познатата штипска зграда „Промаја“ денес излегоа на протест
Станарите на познатата штипска зграда „Промаја“ денес излегоа на протест. Сакаат да спречат изградба на објект на парцела која е продадена уште пред шест години.
Пред десетина дена багери и градежни машини започнале да го расчистуваат просторот пред зградата.
Тие изготвија петиција со стотина потписи и најавија дека ќе спречуваат какви било градежни активности на просторот пред зградата.
Градоначалникот Јорданов – вели ги испитува процедурите во постапката.