Стаменковска Трајковска за ТВ 24: Во Собранието, власта има тенденциозност законите да ги става во скратена постапка

Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека законот кој во април беше доставен во Собрание, беше законот за наставници и овој закон беше ставен по редовна постапка.

- Во Собранието, власта има тенденциозност законите да ги става во скратена постапка. Зошто тој закон отиде во редовна постапка? Она што ние го кажавме на прес конференцијата пред два дена, е дека во тој закон за наставници додаваат цела глава каде се става систематизацијата. Ја извадивме систематизацијата и дадовме нов предлог на закон. Вториот момент е тоа што во првиот дел од законот СДСМ не излезе да ги каже политичките моменти. Во законот се предивидува прво вработување на наставник да влезе директно на неопределно време. - рече Стаменковска Трајковска.