Стагнира вакцинацијата за прва, расте за трета доза
Вакцинацијата веќе со месеци стагнира. Во вакциналните пунктови доаѓаат најчесто граѓани кои што сакаат да примат трета доза, додека за прва доза интересот и натаму опаѓа.
Во изминативе два дена аплицирани се околу 9 000 дози од кои повеќе од половина се дадени како трета доза.
Дневно во просек само околу 1 000 граѓани доаѓаат за да примат прва доза од антиковид вакцината.
Ваквите состојби ги загрижуваат лекарите. Директорот на Здравствен дом Скопје д-р Виктор Исјановски вели дека бројката на вакцинирани е многу мала и потенцира дека апелира граѓаните да не се довумат за да примат вакцина особено сега кога бројките почнуваат повторно да растат.
Д-р Виктор Исјановски – Директор на ЗД СКОПЈЕ - „Оние кои што се вакцинирале со две дози доаѓаат и за трета доза, а оние кои не се вакцинирани не ни доаѓаат за прва доза. Бројките почнаа повеќе да растат, граѓаните треба да се вакцинираат, не би можел да кажам до каде ќе одат, но би апелирал да се вакцинираат“
Во моментов на низ вакциналните пунктови достапни се вакцините на Фајзер Синовак и Астра зенека. Поради намалениот интерс вакциналниот пункт во спортската сала Борис Трајковски веќе не функционира, а вакцинација нема ниту во поликлиниките Бит Пазар и Млин Балкан, поради медицинските тимови кои ја вршат имунизацијата на терен.
Досега само 35% од целото население ни е вакцинирано. За да се постигне колективен имунитет неопходна е вакцинација на 85%.

