Стадо говеда го пустошат земјоделскиот род по нивите во неколку штипски села

400 крави се вистински кошмар за жителите на штипските села Љуботен, Долани и Чифлик. Стадото во зимските месеци е пуштено само и веќе петта година по ред им го уништува родот од нивите.

Целосно или делумно се уништени стотина хектари лозја, насади со лешници, жито.

Нема пречка за животните за кои никој не води грижа. Влегуваат и во дворот на црквата, ги поганат гробиштата, туркаат врати од дворови. Селаните ги знаат сопствениците, но тие остануваат невидливи за институциите. Случајот повеќепати е пријавуван и во полиција, но нема решение. 

Неодамна е одржан состанок во општината, од таму стигнуваат ветувања дека конечно проблемот ќе се реши.

Дел од жителите веќе повикале и проценители за да ја утврдат нанесената штета, но очекуваат институциите да ги казнат сопствениците што ги пуштаат животните да тероризааат неколку штипски села.