Стабилна ковид состојбата во штипската клиничка болница

Стабилна ковид состојба во штипската Клиничка Болница, каде рапидно е намален бројот на пациенти со Ковид 19.

Последните два месеци на Инфективното одделение нема регистрирано починати лица од Корона, а хоспитализираните се најчесто со Хепатит Б и Ц, цревни инфекции и инфективна мононуклеоза.

Како донација од јапонската влада, Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип има нов мобилен рендген апарат во вредност од 56.000 евра. Пациентите кои се хоспитализираат на ова одделение не мора да се транспортираат до Рендгенологија, што преставуваше голем проблем за вработените, а посебно за пациентите со ковид-19. 

Новиот рендген апарат е ставен во функција од мај годинава и веќе направи снимки на стотина пациенти, со што се потврдува важноста на истиот. Овој апарат донесе поквалитетни здравствени услови за пациентите од четирите региони кои гравитираат кон Клиничката болница во Штип, и помогна да се намали ширењето на корона вирусот.

Инаку, Амбасадорот на Јапонија, денес ја посети и Општата болница со проширена дејност во Кочани, за чиешто гинеколошко одделение е донирана опрема вредна близу 48 илјади евра.