ССНМ и ЗНМ реагираат на најавата за отпуштања во тв Алфа

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (знм) остро реагираат за отпуштање на шест медиумски работници од Алфа тв.. претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека овие отпуштања следуваат по протестот во телевизијата и според нив претставуваат одмазда за синдикални активности, односно барања за исполнување на работничките права.

Двете здруженија побараа од менаџментот да ја повлече одлуката и најавија правна помош за медиумските работници.