ССМ: Потрошувачката кошничка за мај 797 евра
797 евра му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее месец мај. Најмногу пари во мај, 317 евра, биле потребни за храна и пијалоци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 218 евра.
Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната потрошувачка кошничка, потребни се 60 евра за превоз, 52 евра за хигиена, а за одржување на здравјето се трошеле 13 евра.
Ако се погледнат статистиките по однос на потрошувачката кошничка ќе се забележи пад на потрошувачката кошничка за скоро 6 евра во сооднос април со мај. Сепак од ССМ потенцираат дека има тренд на зголемување на трошоците за храна и пијалоци и тоа за 5 евра.
Без разлика што паѓа вредноста на кошницата трошковите кај исхраната и пијалоците се зголемува. За околу 310 денари се зголемени трошоците за храна и пијалоци . Вкупната синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 44 047 денари, а кога на нив ќе се додадат 4 977 денари отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49 024 денари“- велат од ССМ.
Според пресметките на ССМ, 1 функционер со неговата плата покрива 3 синдикални минимални кошници, а 1 работник ниту со 2,5 минимални плати не ја покрива кошничката.
Претходно од ССМ, во интервју за ТВ24 посочија дека и тоа што го пресметуваат е минимум но дека во пракса трошоците з аживот се повисоки. Зголемените плати на функционерите за 78% само допринесе за зголемување на инфлацијата.
Од Народната банка претходно посочија дека намалувањето на стапката инфлација се одвива според планот и дека годинава се очекува таа да се спушти на ниво од осум до девет отсто.
Лани Македонија беше рекордер во стапката на инфлација во однос на државите од регионот со инфлација од безмалку 20 отсто.