ССМ поднесе иницијативата за намалување на платите на пратениците и функционерите

Сојузот на синдикатите на Македонија со Иницијатива до Собранието, се бара функционерите да си ги намалат нивните плати за 80 проценти и предлагаат основицата за пресметка на платите да важи како за сите останати, потсетувајќи го премиерот дека Владата е таа која што не го почитува Оптшиот колективен договор.  

Во пресрет на утрешниот состанок во Влада, синдикатот на УПОЗ потенцира дека ако има за едните мора да има и за другите, 

Раководството на ССМ треба да излезе од партиската прегратка на опозицијата  и да се договори со Владата во интерес на административците вели премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот предлага нов Општо колективен договор а постоечкиот да се суспендира.  

Пратеникот, Амар Мециновиќ од Левица вели дека оваа Влада ќе остане запаметена по тоа што наместо да работи во интерес на граѓаните – работи во инетерес на олигархијата. 

Од СДСМ велат дека доволно е власта да се откаже од криминални тендери за да има пари за минимална плата од 600 евра. За таа цел од СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра.  

Додека се бара чаре за повисока плата, синдикалците од вторник започнуваат со блокади и протести потенцирајќи дека штрајкот е е исклучена опција.