ССМ поднесе иницијатива за намалување на платите на функционерите
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Собранието но и и до сите пратенички групи поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, барајќи итно и неодложно постапување. ССМ предлага основицата за пресметување на платите на пратениците и функционерите да биде минималната плата во државата, наместо просечната плата, како и намалување на постојните коефициенти за пресметка на платите и надоместоците за 40 проценти.
На синдикалците им било понудена формула по која би се пресметувале личните доходи за вработените во јавната администрација вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека најголем дел од синдикалците се согласуваат платите да с епресметуваат по постоечката владина формула.
Од занаетчиската комора денеска излегоа со став дека според нив покачувањето на минималецот треба да биде согласно законот во спротивно велат дека се друго може да доведе до затворање на дуќани и отпуштање на работници.
Пратеникот, Амар Мециновиќ од Левица вели дека оваа Влада ќе остане запаметена по тоа што наместо да работи во интерес на граѓаните – работи во инетерес на олигархијата.
Од СДСМ претходно прашаа Како може Мицкоски, кој има часовници од 65.000 евра, да планира купување на авион за своите туристички патувања а за работниците да нема пари за плати?
Додека се бара чаре за повисока плата, синдикалците од УПОЗ утре се на средба во Влада со цел да најдат решение, од друга страна од ССМ потсетуваат дека тие остануваат на ставот за минимална плата од 600 евра и плус по 100 евра за останатите работници. Веќе од вторник започнуваат со блокади и протести потенцирајќи дека штрајкот е е исклучена опција.

