ССМ најавува „жешка есен“ со протести и штрајкови, бараат да се намали разликата во плати меѓу функционерите и вработените во јавниот сектор
Пратениците нека се вратат во реалноста, завршија одморите нека не мислат дека се уште траат одморите велат од Сојузот на синдикатите на Македонија од каде побараа итна реакција на нивната иницијатива за намалување на платите на функционерите кои со одлука на Уставен суд стигнаа до повисоки плати од 78 посто.
Од ССМ предупредуваат функционерите ќе стигнат и до сто посто повисоки плати што е неприфатливо, бидејќи за работникот остануваат трошките.
Како резултат на револт, вработените во Обвинителствата и судовите наредната недела, влегуваат во штрајк со цел да да ги добијат додатоците кои им се загарантирани со закон а веќе половина година не ги добиваат, но и да им се зголемат платите најавија од синдикатот на УПОЗ.
Судската администрација преку независните синдикати од март месец протестираат, велат дека додатоците им ги скратија за функционерите да ги уживаат сите бенефити, и покрај тоа што со закон им е загарантирано сепак не го добиваат.
Инаку, Државниот завод за ревизија нотира дека Судската власт лани останала пократка за 63 проценти од утврдените средства кои треба да ги добие од буџетот утврдено со закон, додека за разлика од судовите, Министерството за транспорт и врски пак лани добило пет пати повеќе средства споредено со 2021 година, а на Владата и бил одобрен буџет поголем за два и пол пати во однос на планираните максимални износи.