ССМ најави блокади на пратениците, работодавачите и Владата
На 10 месецов ССМ излегува повторно на улиците со блокади и протести пред институциите кои немаат слух за работникот, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Посочи дека кога веќе нема слух на власта работниците ќе бараат функционерите да си ги намалат платите бидејќи функционерите водат инает со работниците кој едвај преживуваат. Остануваат на ставот 600 евра минимална плата и плус 100 евра за останатите.
Ресорниот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши вели дека тие остануваат како наблудувачи во дијалогот помеѓу работниците и работодавачите но дека како Влада не можат да се мешат. Зошто се исклучуваат како Влада од трипартитниот дијалог Дурмиши не одговори. Рече дека и тие како функционерите ќе носат одлука да не си ги зголемат нивните плати.
Во меѓувреме, во четврток во 9 часот и 45 минути синдикалците при УПОЗ седнуваат на маса во Влада за да се договорат што е што прифатливо за двете страни. Од друга страна, од ССМ велат дека генералниот штрајк не е исклучена опција но и дека за сиромаштијата на граѓаните власта треба да понуди излез а не да се дистанцира.

