ССМ на протест: Жолт картон за судиите во Врховен и закана за тужба во Стразбур

Започна синдикалната пролет со протестен марш од седиштето на Сојузот на синдикати на Македонија познат како Работнички дом до Врховниот суд каде се донесе одлука да им се одземе објектот и предаде во државна сопственост.

Синдикалците им дадоа жолт картон на судиите потписници на одлуката и очекуваат да има разрешница најдоцна до први мај по нивното барање за повторување на судската постапка.

И кога синдикалците протестираа против судството, судиите пак ја одржаа седмата годишна судска конференција чествувајќи го денот на правосудството на која се зборуваше за квалитетно правораздавање предуслов за обнова на јавната доверба. На прашање на телевизија 24 за коментар околу протестот и дали одлуката е исправна судската фела е на ставот дека истата е обраложена зошто така е пресудено.

Протестот велат од ССМ се организира да им се покаже на судиите дека треба да се одважат и побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат работничкиот дом на работниците, од ссм го предупредија судот доколку не биде донесена разрешницата тие ќе го искористат рокот кој што го имаат а тоа е 15ти мај и поднесат тужба против државата во меѓународниот суд во стразбур за што имаат подршка и од европската и и меѓународната конфедерација на синдикати.

Денешниот протест е само првиот кој го најавиуваат синдикалците, во битка за поголеми работнички права.