ССМ на протест пред коморите за повисоки плати

Синдикалците на втора блокада, денеска пред Организацијата на работодавачи. Не отстапуваат од барањата за минимална плата од 600 евра и по 100 евра за останатите работници. Ги потсетија газдите дека тие не би воделе бизнис ако ги немаат работниците.

Побараа да престане праксата да се гледа на работникот како бројка која ќе исполнува задачи. Велат, економија без работници е осудена на пропаст на државата. 

Ангел Димитров од Организација на работодавачи во телефонски разговор вели дека доколку владата понуди прифатливо решение за сите страни тогаш може да се разговара за конкретните барања на ССМ. 

Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски вели дека не може постојано да се бара од работникот а за возврат да трпат и да бидат изложени на преживување. 

Претходно, синдикалците излегоа на блокади пред Собрание од каде побараа пратениците да си ги намалат нивните плати. Следната недела, синдикалците излегуваат со блокада на Владата со барање за 600 евра минимална плата и по 100 евра за останатите. Откако ќе завршат блокадите, синдикалците, планираат да го повторат масовниот протест кој се случи на 28 јануари а потоа и генерален штрајк кој овој пат ќе го опфати и приватниот сектор. Од Влада претходно кажаа дека немаат пари за да ги платат придонесите и оставија да се договорат сндикалците и работодавачите.