ССМ на генерален штрајк за повисоки плати

Со 120 столчиња пред законодавниот дом, ССМ симболично го започна генералниот штрајк во јавниот сектор. Побараа итно зголемување на платите од 2.806 денари.

Посочија дека било какви обиди за притисоци врз штрајкувачите ќе следат кривични пријави. Од пред Собрание, синдикалците децидни ако власта нема слух за барањата на синдикалците ќе следуваат и барања за оставки на министрите.

Се штрајкува во цела Македонија, здравствените работници со поддршка на синдикатот – бараат итно зголемување на платите. На штрајкот се појавија и пратениците од ВМРО ДПМНЕ и членови на Комисијата за финансирање и буџет кој изјавија дека даваат максимална поддршка на ССМ.

Министерката за труд и социјална политика рече дека решавањето на проблемите со платите е приоритет. Со реакција се кавија од КСС од каде велат дека:

„Синдикалните организации на ниво на работодавач при КСС се оние кои потпишуваат спогодби за покачување на платите, а ССМ очигледно се неспособни за ова, па ги манипулираат вработените дека ова се нивни заслуги.“ - се вели во соопштението на КСС.

Синдикалците од пред законодавниот дом посочија дека се изманипулирани и излажани од власта поради неусвојувањето на нивните барања. Од пред Собрание синдикалците утре се селат пред Влада, а потоа пред министерство за финансии. Штрајкот ќе трае се додека не го добијат ветеното.