ССМ на генерален штрајк пред Собранието

Со 14 столчиња и 8 жолти картони за пратениците кои не го изгласаа предлог амандманот за 2806 денари линеарно зголемување на платите , започна денеска протестот на ССМ пред Собранието на Македонија.

Апелираа, да се одважат и да го гласаат амандманот поднесен од Сојузот на синдикати на Македонија.

Продолжуваме со штрајкот. Ние денес бараме пари за леб, за плаќање на сметки и за издржување на семејствата. Секој ден ќе излегуваме рамо до рамо со работниците на улица, рече Димовски и додаде дека преговараат со 5 општини и 12 комунални претпријатија за линеарно зголемување на платите.

Според извори од комисијата до кои дојде тв24 предлог,амандманот за линеарно зголемување на платите од 2806 денари ке биде ставен утре на дневен ред за гласање.