ССМ: Македонски шуми пред колапс - предизборно вработени стотици лица - во прашање е доведена исплатата на платите

Од четврток, седми март Јавното претпријатие Национални шуми стапува во генерален штрајк. Причина за тоа е нередовната исплата на плата на околу две илјади вработени.

И покрај нарушената финансиска кондиција месецов во оваа државна фирма, предизборно се вработени нови 400 лица, што дополнително ќе ја поремети состојбата во претпријатието, обвинуваат од Сојузот на синдикати на Македонија. Штрајкот ќе биде прекинат кога ќе бидат исполнети барањата на синдикалците.

„Барањата се многу едноставни: редовна и целосна исплата на плата на вработените, надоместоци на плата и додатоци за плата и како најбоилно теренски додаток кој не е исплатен скоро една година.“ - вели Иван Пешевски ССМ.

Информациите на синдикалците се дека 400 вработени кои имале договори на дело или сезонски биле ангажирани за потребите на Националните шуми пред добиле решение за работа. Ваквото предизборно вработување синдикалците велат дека нем,а да ги реши проблемите во претпријатието, туку дополнитрелно ќе ја искомплицира ситуацијата.

„Со вакви лажги пред народот и со вакви ветувања верувајте овие луѓе нема да излезат на избори, туку ќе излезат пред влада и ќе протестираат. Затоа што во прашање е егзистенцијата на околу 2000 вработени во ова јавно претпријатие.“ - вели Пешевски.

Во 2013 година минатата власт ова Јавно претпријатие го искористи за вработување на 1600 граѓани од ранливите категории. Огласот за вработување важеше за социјално загрозените и еднородителските семејства кои бараат работа подолго од 10 години. Дел од примените лица и по неколку години никога не беа вработени во претпријатието, а дел беа вработени но не одеа на работа а земаа плата.