ССМ: Македонија на дното по плати, а на врвот по трошоци за храна

Додека македонските работници се на дното во Европа по висината на платите, македонските семејства се на самиот врв по делот од своите средства што го трошат за најосновното, на храна-ова се податоци од најновото истражување на Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците на Евростат  40% од вкупните трошоци на домаќинствата во Македонија отпаѓаат на храна и безалкохолни пијалоци. Тоа е највисок процент меѓу наведените европски држави. 

Најстрашна е споредбата со минималната плата вели синдикатот -  само за најнеопходната храна и пијалоци за едно четиричлено семејство се потребни 25.илјади  денари, што претставува речиси 96% од минималната плата во Македонија  или со други зборови, речиси целата минимална плата би била потребна само за храна и безалкохолни пијалоци за едно четиричлено семејство.

По Македонија следуваат Албанија со 34,% и Косово со 32,%, а за споредба, во Хрватска учеството на храната и безалкохолните пијалоци во трошоците на домаќинствата изнесува 21,%, додека просекот на Европската Унија е 16,28%.