ССМ денеска пред министерството за информатичко општество

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го продолжи штрајкот пред Министерството за информатичко општество и администрација со празно столче за министерот за кој како што велат од ССМ беше дел од тимот што преговараше за линеарно зголемување на платите и враќање на регресот во јавниот сектор од 30 до 100 проценти за сите работници.

Претседателството на ССМ повторно побара исполнување на барањата кои ги имаат за линеарно зголемување на платите за 2806 денари..

Според Димовски битката ке ја бијат и со амандман задутре на комисијата за финансирање и буџет внатре во законодавниот дом и истакна дека ке излезат во уште поголем број пред Собранието на Македонија.

ССМ се одлучи на генерален штрајк откако пропаднаа и последните преговори со Владата за нивните барања за линерно покачување на платите во јавниот сектор.Продолжуваат со штрајкот и утре и ке дејствуваат на централно ниво. Утре ке имаат средба и со наделжните органи во општините Гостивар и Струмица каде ке потпишат колективни договори за усогласување на платите преку спогодби.