ССМ бара итна расправа и донесување на законот за работни односи
Foto

ССМ бара итна расправа и донесување на законот за работни односи

Предложеното законско решение за измени и дополнување на законот за работни односи од нејасни причини се уште е заглавено во Комисијата за труд и социјална политика во Собранието.

Расправата за ова законско решение вчера беше закажана за 20 септември. Од ССМ побараа итна расправа.

ССМ апелира - пратениците да бидат сложни во носењето на овој закон и да им овозможат на работниците да го добијат исплаќањето на нивниот труд.

Од СДСМ прстот го вперуваат во претседателот на Комисијата, од редовите на опозицијата, бидејќи не ја закажувал седницата. Се надеваат дека ќе нема опструкции и блокади.

Според работодавачите, законот е добредојден, не само од економски аспект туку и социјален. Велат и постоечкиот закон содржи мерки и одредби како новото законско решение, само треба да се почитува од страна на работодавачите.

По шест дена работа, работниците заслужуваат ден одмор, велат граѓаните, но исклучок може да бидат колонијалните продавници каде се купува храна.

Согласно новото законско решение, на работниците кои ќе работат во недела ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

0 Коментари

Остави коментари