ССКМ предлага фондови со пониски камати за извозно ориентирани компании
Фондови за одобрување строго наменски кредити со пониски каматни стапки за извозно ориентираните компании побара Сојузот на Стопански комори на Македонија. Според податоците од државниот завод за статистика во Македонија само 3.500 компании извезуваат, а тоа е пет отсто од вкупниот број на активни трговски друштва во државата. Според бизнисмените, Македонија во изминатата деценија има забележителна промена во извозната структура и зголемување на извозот, но е далеку од конкурентно стопанство и развиена економија.