ССКЛМ бара да се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ и да се почитува договореното, во спротивно ќе ја реактивира одлуката за штрајк
Струковиот синдикат на контролори на летање во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.
Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.
Во известувањето до УО на М-НАВ, како што денеска информираа за МИА од синдикатот, се наведува дека состојбата во М-НАВ е влошена, како резултат на сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани процеси за јавни набавки, неуспешна транзиција на нови технички системи, прекршување на одредби од колективниот договор, тајни и неосновани измени во систематизацијата и отворање несуштински работни позиции.