ССК – мерката за субвенции за половни возила популистичка и нема да даде резултати
Foto

ССК – мерката за субвенции за половни возила популистичка и нема да даде резултати

Бизнисот не гледа потреба од субвенции за набавката на половни возила, кои допонително ќе ја загадуваат животната средина. Наместо тоа и прелага на Владата да најде начин за граѓаните да добијат безкаматни кредити за да си купат нови автомобили. Претседателката на Сојузот на стопански комори вели дека не слушнале за ваква пракса ниту во Европската Унија, ниту, пак, во поблиската околина, држава да субвенционира купување на половни возила, посебно што кај нас не се мери колку тие го загадуваат воздухот.

„Данела Арсовска, претседател на ССК -Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина“ - рече претседателката на ССК Данела Арсовска.

Министерството за економија најави дека ќе прави поврат на три илјади евра на граѓаните кои старото возила ќе го уништат во овластен отпад за автомобили и ќе купат ново или половно со минимум „Евро5“ еко стандарди, само до 12 илјади евра. Возилото што ќе се исклучи од сообраќај треба да биде регистрирано минимум 6 месеци.

Министерството за економија планира за оваа мерка во буџетот за 2020 година да обезбеди околу 2,2 милиони евра, но колку ќе добие од Владата засега не се знае. Предност за државна помош ќе добијат лицата со минимална плата или семејства со просечни примања. Возило со „Евро 5“ стандардот ќе може да се набави од авто салон или пак, од авто плацови каде се продаваат половни возила од странство.

0 Коментари

Остави коментари