Српскиот епидемиолог Кон: Ситуацијата е катастрофална, практично немате каде да ги сместите луѓето
Foto

Српскиот епидемиолог Кон: Ситуацијата е катастрофална, практично немате каде да ги сместите луѓето

Членот на српскиот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, денеска изјави дека ситуацијата со коронавирусот е критична, „дури и на некои места катастрофална“ поради сместувањето на пациентите и смета дека „секако се задоцни со мерките“.

Кон рече дека од 6 ноември медицинскиот дел на Кризниот штаб предлагал повеќе рестриктивни мерки, но оти од друга страна постои сериозен аргумент во врска со економскиот аспект на мерките.

– Катастрофално значи дека практично немате каде да ги сместите луѓето во оваа ситуација … Исто така, катастрофално е што бројот на мртви и регистрирани пациенти постојано се зголемува, изјави Кон за Н1.

Тој наведе дека Белград „малку се издвојува“ и оти е рано да се зборува за сигурно израмнување, но дека „се случило некакво израмнување“.

На прашањето кога ќе се видат последиците од непочитување на епидемиолошките мерки за време на погребот на српскиот патријарх, Кон рече „за околу седум дена“.

На прашањето дали се задоцнило со мерките, тој рече дека тврди дека „секако се задоцнило“.

– Јасно е дека ситуацијата сепак не беше сфатена доволно. Приказната за контролирање на донесените мерки почна во јули. Прво беше дека тие ќе бидат спроведени, па беше кажано дека се неспроведливи, па законот мораше да се менува., рече Кон

0 Коментари

Остави коментари