Срешкошколците од МИГ на протест пред МОН
Средношколците од државната Математичко-информатичка гимназија, по бојкотирањето на наставата во вторникот и средата денеска протестираа пред Министерството за образование и наука.
Средношколците како и нивните родители, реагираат на изборот на наставниот кадар и не се задоволни со новиот избор на професори-назначени од ова училиште. Ги повикуваат сите надлежни институциии да реагираат и да помогнат во расчистувањето на целата ситуација. Нивните барања се директорката да поднесе оставка и да имаат квалитетен кадар кој навистина ќе им пренесе соодветно знаење.
Учениците истакнаа дека за овој проблем имаат зборувано и интерно со директорката-се обиделе проблемот да се реши-но, велат, залудно. Со стартот на второто полугодие на 23 јануари, овие ученици немале настава, односно часовите по осумте стручни предмети не се одржале затоа што на професорите им биле завршиле договорите на 31 декемрви. Потоа биле известени дека на 7февруари наставата продолжува со новиот наставен кадар.
Директорката Јулија Гајдаџиева-не одговори на нашите повици. Од МОН уверуваат дека, Државниот инспекторат ќе направи увид во постапката за избор на стручни соработници во училиштетото, кои биле одбрани преку последниот објавен повик и за истото, учениците и родителите кои реагираат по овој основ, ќе бидат соодветно известени. Потенцираат дека ќе се организира и средба во министерството.
- Математичко-информатичката гимназија е основана по Закон за МИГ и врз основа на одредбите од Законот за средното образование, ова државно средно училиште функционира и ја организира работата. Се работи за релативно ново училиште, така што го цениме придонесот на секој кој има намера да помогне во развојот и унапредувањето на работата на оваа образовна установа. - велат од МОН.
Математичко-информатичка гимназија е државно средно училиште кое почнало со работа во учебната 2020/2021 година.