Средношколци од Струмица изработија шкафчиња за сите ученици во основно школо

Цело прво полугодие учениците од дрвно преработувачката струка при средното училиште Никола Карев од Струмица изработуваа шкафчиња за основци за време на практичната настава.

Меѓу средношколци е и Лаура Цветков ученичка од втора година. Таа на машината дупчалка ги финализираше предните крила од шкафчињата.

Во проектот шкафче за секој ученик од основните школи вклучени се сите ученици од прва до четврта година од дрвнопреработувачката струка од Стурмица. Целиот процес почнува од кабинетот каде на компјутери се креира идејното решение а потоа се оди во работилницата каде се изработуваат финалните производи.

Учениците од дрвно преработувачката стурка од Никола Карев освен шкафче за секое дете имаат изработено мебел и за училиштето но и работни маси столчиња за стурмичката болница. Во ова прво полугодие изработија над 900 шкафчиња.

Шкафчињата веќе се поставени во ООУ Никола Вапцаров каде учениците си ги оставаат своите книги и работни облеки. Од општината најавија дека годинавата значително се зголемени средствата за подобрување на практични вештини на учениците па освен средношколците од Никола Карев ќе се вклучат и средношколците од Димитар Влахов.