СРЕДБА ЗАЕВ – МИЦОТАКИС ВО ЊУЈОРК
Првата средба на премиерите Заев и Мицотакис треба да се одржи денеска во Њујорк, во рамки на 74. Генерално собрание на Обединетите нации. Средбата ја најавуваат грчки извори, и сеуште е нејасно во какви рамки ќе биде одржана. Интересно е што Мицотакис беше декларативно голем противник на преспанскиот договор и неколку пати потенцираше дека Грција ќе работи на тоа да го поправо договорот кој според него е спротивен на грчките национални интереси. И додека со Мицотакис во Њујорк, Заев веројатно ќе има тежок разговор, во поопуштена атмосфера премиерот во Скопје ќе го пречека својот како што вели пријател Алексис Ципрас. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, следниот вторник, на 1 октомври ќе биде во Скопје, на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист“. Меѓу останатите на конференцијата ќе бидат и поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, како и поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел. Инаку денеска Антониот Милошоски во својство на претседател на собраниската Комисијата за надворешна политика упатил писма до колегите од Данска и Холандија од кои побарал да помогнат земјава да добие датум за преговори во Октомври.
Свесен сум за честите забелешки што некои членки на ЕУ ги упатуваат на сметка на крупните корупциски афери и селективното владеење на правото, но токму овие предизвици треба да се гледаат како дополнителен мотив Македонија што поскоро да ги почне преговорите за поглавјата 23 и 24, бидејќи без почеток на преговорите овие проблеми ќе стануваат поголеми, а граѓаните и стопанството ќе ги трпат негативните последици.
Во агендата на премиерот Заев во Њујорк е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН. Официјалното обраќање на Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

