Средба Заев-Гир: Да се направат сите напори за отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција
Foto

Средба Заев-Гир: Да се направат сите напори за отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција

Вицепремиерот Никола Димитров во интервју за австриски „Дер Стандард“ вели дека македонската влада ќе се обиде да го спречи очајот и национализмот, по бугарското вето и, како што додава, ќе се сврти кон пријателските држави од ЕУ.

„Најпрво бевме блокирани од Грција, но го решивме овој проблем. Потоа Франција покрена нова методологија за проширување и сега постои нов проблем со Бугарија. Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас. Во март оваа година сè уште имаше зелено светло од Советот на ЕУ - Бугарија беше дел од овој консензус.“ - изјави Никола Димитров, Министер за надворешни работи.

Европската унија не може повторно да ја изневери Северна Македонија, која повеќе пати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон за белградскиот весник „Данас".

„Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од Северна Македонија, бидејќи тие тоа го заслужија.“ - изјави Тања Фајон, Европратеник од Словенија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека за Блокадата на Бугарија е виновен премиерот Заев.

Поранешниот пратеник и Генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на Фејсбук вели дека Собранието немало да гласа за договорот со Бугарија доколку во него имало никакви услови.

„Никаде во договорот немаше условеност помеѓу работата на експертската комисија за историски и образовни прашања со евентуална можност за политичка одлука за Вето врз нашите евроинтеграции од страна на Бугарија.“ - изјави Александар Кирацовски, поранешен пратеник.

Премиерот Заев и Евроамбасадот Гир по денешната средба во Скопје порачаа дека треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија.

0 Коментари

Остави коментари