Средба Заев - Ахмети во влада
Foto

Средба Заев - Ахмети во влада

Премиерот Зоран Заев не мисли дека Али Ахмети или Билал Касами ќе му ја урнат Владата.

Локалните избори сепак нема да ги искомплицираат релациите на партнерите на Илинденска број 2. Премиерот Заев се пофали дека имал одличен состанок со коалициски партнер Али Ахмети и дека се постигнал договор СДСМ и ДУИ заедно да настапат на претстојните локални избори. Но нема детали каде , и дали СДСМ од старт ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во доминантно албанските општини меѓу кои и најспорната Тетово. Му порача на Касами дека и за него има место.

- Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. - изјави Заев.

Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг.

Сепак според информациите на ТВ 24 двајцата коалициски партнери иако договориле начлана соработка на локалните избори, за кандидат и настап во Тетово се уште не се договориле. Висок функционер од СДСМ најавува можност дека не се исклучува фаворитот на Ахмети да не биде Теута Арифи. Според него анкетите се уште не се завршени. Од ДУИ нема информаци за нивните позиции, дали воопшто постои можност потпретседатеката на ДУИ и еден од најдоверливите луѓе на Ахмети да извиси за нов мандат во Тетово. 

Дека Владата не му е загрозена и дека ќе падне договор пред средбата се пофали лично и премиерот Заев пред состанокот.

Ако досега имаше пат-позиција помеѓу ВМРО-ДМПНЕ и СДСМ за датумот за локални избори, Заев денеска повторно се премисли. Ако се договорат сите партии, изборите ќе може да се одржат и на 17 октомври како што бара опозицијата, но и како што најави собранискиот спикер. Токму тоа го побара и лидерот на ВМРО-ДМПНЕ од него.

Заев и Мицкоски пак согласни за отворените листи за советници, предлог кој е прифалтив за двајцата но не и за помалите партии- тие реагираат: сме за отворени советнички листи, но без цензус од 3% бидејќи така е невозможно помалите партии да добијат советници.. Партиите на албанците пак сеуште не се изјасниле за овој предлог.

0 Коментари

Остави коментари