Средба Заев - Ахмети, лидерот на ДУИ за ТВ24 вели „ќе формираме мнозинство“
Foto

Средба Заев - Ахмети, лидерот на ДУИ за ТВ24 вели „ќе формираме мнозинство“

Средба Заев – Ахмети во собранието, која почна околу 16 часот, на која лидерите на СДСМ и ДУИ, ги договараат контурите на идната коалиција.

Во ексклузивна изјава пред почетокот на средбата, Ахмети рече дека нема притисок врз Заев од нивна страна.

На прашањето на ТВ 24 дали ќе формираат владино мнозинство, Ахмети кусо одговори: „ќе формираме“. Заев пред почетокот на средбата, само кусо рече дека нема коментар во овој момент. До средбата дојде по неколку дневни контакти меѓу првите луѓе од доверба на Заев и Ахмети, Љупчо Николовски и Артан Груби.

0 Коментари

Остави коментари