Средба со потенцијален инвеститор кој би инвестирал 1 милијарда евра во изградба на когенеративна гасна централа

Средба со потенцијален инвеститор кој би инвестирал 1 милијарда евра во изградба на когенеративна гасна централа денеска во Влада, најави премиерот Мицкоски, откако пред два дена рече дека е во потрага по странски инвеститори кои по пазарни цени ќе вложат во централното греење на Скопје.

Горјан Јовановски, советник во град Скопје од коалицијата на еко-активисти Зелен Хуман Град предупредува дека пред да се презентира таков значаен проект, стручната јавност мора да биде вклучена во процесот.

Когенеративните гасни постројки кои ги најави Мицкоски како решение за аерозагадувањето во Скопје, освен централно греење, ќе произведуваат електрична енергија и топла вода во зима, би требало да го намалат аерозагадувањето за 60% а би биле готови за 3-4 години.