Средба Сиљановска Давкова - Мацут: Посебен осврт на претстојниот самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. Размениле мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот самит на процесот Брдо-Бриони, кој во ноември ќе се одржи во Охрид. Ја истакнале и важноста од негување на добрососедските односи и соработка.

Домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Како што беше посочено, фокусот на разговорите се натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји...