Средба Петков - Ковачевски: Бугарија ќе го користи краткото име „Северна Македонија“

Првото од 5те барања на Бугарија исполнето – Од денеска официјална Софија ќе го користи краткото име Северна Македонија. Официјално Скопје испрати нота до ОН во која се објаснува дека земјата нема територијални претензии кон својот источен сосед.

И Петков и Ковачевски оптимисти, интензивно ќе се работи на иднината и на новите работни групи кои треба да дадат резултати. Сепак Бугарскиот премиер не кажа дали за официјална Софија се прифатливи и остантите македонски одговори на нивните барања 5 плус 1 точка. Засега нејасно е и по каков концепт ќе продолжи да работи историската комисија која подолго време тапка во место, иако се очекува да стане дел од групата за историја и да претрпи промени во составот. Петков политички избегна да го именува македонскиот јазик, на новинарско прашање на ТВ 24 за јазикот се повика на Договорот за добрососедство.

Скопје и Софија подадоа рака за нов почеток, , а Димитар Ковачевски доби и бугарски подарок. Денешната прес конференција на новите премиери на Македонија и Бугарија ја обележа црвено јаболко – на крајот од пресот, бугарска новинарка излезе од публиката, помина преку службите и му даде црвено јаболко на премиерот Ковачевски.

Во текот на денот се појавија информации дека Владата за време на дочекот наводно отстапила од протоколот за изведување химни. Информациите се демнатираа како шпекувлации со огле д на тоа дека македонската химна беше изведа на вообичаен начин и дека тоа е според востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија така и во светски рамки.

Инаку во следниот период - на 25 јануари ќе има заедничка меѓувладина седница, а потоанНа неделна основа се очекува интензивцно да почнат да работат групите за економија, инфраструктура, евроинтеграции, историја и култура. Ќее се отвори граничниот премин Клепало со што ќе се олеснат движењата, транспортот и трговијата, а Петков најави и дека за два месеци реалност ќе стане авиолинијата Скопје – Софија.