Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии
Foto

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.

Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат истите да бидат усвоени од страна на македонското собрание.

Претседателот Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови.

 

0 Коментари

Остави коментари