Средба на претседателот Пендаровски со Мими Кодели
Foto

Средба на претседателот Пендаровски со Мими Кодели

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина.  Во тој контекст, ја нагласи важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави.

Покрај ова, беа разменети мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија. Притоа, соговорниците се согласија дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со Европската Унија, при што оценија дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

0 Коментари

Остави коментари