Средба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау во рамки на стратешкиот дијалог.

На средбата беше потврдена силната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија. Се разговараше за регионална стабилност, економија, енергетика и соработка во нато. беше истакнато дека дијалогот е значаен чекор за продлабочување на билатералните односи.

Двете страни ја потврдија заложбата за долгорочно партнерство и демократски развој. Се дискутираше и за состојбите на Балканот и евроинтеграциите, со нагласена улога на САД во регионот.